Кастинг за гласови за анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата”

Скопје, 25 март 2019 (МИА) – Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во продукција на „Линкс студио“ објави кастинг за гласови, кој е отворен за сите заинтересирани.  Продукцијата соопшти дека „Јон Вардар“ е анимирана апсурдна СФ-комедија и дека за разлика од филмската глума, тука таа најчесто треба да биде и попретерана од театралната.

„Ликовите ќе бидат анимирани според гласот, затоа е многу важно актерите да направат динамична вокална изведба на секоја реченица, на секој збор. Секој лик треба да има посебна специфика на изразување, што значи дека дијалозите треба да се сфатат како жива материја која ќе се досредува и адаптира за време на снимањето. Можно е ликовите да зборуваат на различни дијалекти (битолски, скопски, кумановски, струмички) или акценти (албански, ромски, американски, француски, италијански). Доколку можете да го модулирате гласот и да добивате различни бои на гласот, сакаме да го чуеме тоа. Исто така, доколку можете добро да го имитирате гласот на некоја позната личност“, пратете ни пример, соопшти „Линкс студио“.

Кандидатите треба да снимат една или повеќе варијанти на сцените по нивни избор и да ги пратат аудиофајловите на мејлот contact@lynxanimation.com со назнака – Кастинг Јон Вардар. Доколку мејлот е поголем од 25MB, да се користи платформата www.wetransfer.com. Во името на фајлот задолжително да стои името на кандидатот, а доколку има повеќе фајлови, треба да се додаде број на крајот.

Повеќе информации и слики од ликовите може да се најдат на Facebook страницата на филмот: https://www.facebook.com/johnvardarvsthegalaxy/.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе