Каталонците слават, ама никој не им ја признава независноста

Одлуката на каталонскиот парламент за прогласување независност од Шпанија еуфорично е дочекана на улиците во Барселона откако денеска 135 пратеници изгласаа независност на оваа шпанска провинција со 70 гласаа „за“ и 10 „против“.

Меѓутоа, најпрво од Европската Унија, а потоа и САД и НАТО соопштија дека тие и понатаму продолжуваат да разговараат само со Мадрид.

„Велика Британија не ја признава и нема да ја признае независноста на Каталонија“, јавија британски медиуми пренесувајќи изјава на портпаролот на премиерката Тереза Меј. Според него, декларацијата е врз основа на гласање што Британија го квалификувала како илегално.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази целосна поддршка за шпанскиот премиер Маријано Рахој откако парламентот во Каталонија прогласи независност.

„Имам еден соговорник во Шпанија и тоа е премиерот Маријано Рахој… Има правна држава во Шпанија со уставни правила. Рахој ја има мојата целосна поддршка“, изјави Макрон за време на посета во Француска Гвајана.

Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, ги повика денеска властите во Мадрид и Барселона на дијалог по одлуката за независност на Каталонија.

„Една политичка криза може да се реши само со дијалог. Повикуваме за мирно решение“, напиша Мишел на „Твитер“.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Анџелино Алфано, истакна дека „декларацијата за независност на Каталонија е многу сериозен чин и е надвор од границите на законот“.

Тој нагласи дека Италија нема да го признае едностраното прогласување независност од страна на каталонскиот парламент.

„Сега е потребен дијалог за да се поштеди населението од ескалирање на тензии“, додаде Алфано.

Шпанија останува важен сојузник на НАТО, а Каталонија е внатрешно прашање кое треба да се реши во рамките на шпанските институции, изјави претставник на Алијансата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе