Каталонците со свински глави удрија по шпанската полиција
Илјадници Каталонци излегоа на улиците низ Барселона да го искажат незадоволството од последната одлука на шпанскиот Врховен суд против нивната борба за независност.
Судот одлучи да му забрани на каталонскиот претседател Ким Тора да извршува било каква функција во автономниот регион, што ги разгневи граѓаните.
Тие револтот го изразија и со фрлање на глави од свињи кон шпанската полиција.