Шпанскиот суд ги врати во затвор двајцата главни организатори на референдумот за независност на Каталонија.
Жорди Санчез, кој е на чело на Народното собрание на Каталонија, и Жорди Куишарт, лидер на здружението Omnium Central, се задржани во затвор без можност за излез со кауција. Двајцата се под истрага за побуна.
Тие се сметаат како водечки лица на организацијата на референдумот за независност кој беше одржан на 1 октомври, а кој шпанските власти го суспендираа. Владата од Мадрид го прогласи ова гласање како невалидно.
Куишарт порача дека каталонците не смеат да губат надеж затоа што Каталонија си ја заслужила нејзината независност. Тој и Санчез се обвинети за охрабрување и помагање на бунтовниците да го блокираат влезот во каталонската регионална влада на 20 и 21 септември.