Каталонските медиуми убедени: Српската легенда на 34 години потпишува за Барса

Каталонскиот медиум El Mundo Deportivo, кој е близок до Барселона, тврди дека постојат големи шанси за тоа српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ во јануари да направи трансфер на Камп Ноу.

Иако Ивановиќ има 34 години и се наоѓа на залезот од својата богата кариера, се чини дека во Барселона тоа не им смета.

Тие добро знаат со какви квалитети располага Ивановиќ и би сакале да го ангажираат за барем привремено да ги пополни дупките во одбраната, додека Самуел Умтити и Томас Вермален се повредени, а Пике веројатно ја игра својата најлоша сезона во кариерата.

Барселона во план има уште неколку звучни имиња, меѓутоа како што тврдат каталонските медиуми управата на овој клуб е убедена дека Ивановиќ е вистинскиот избор за нив.

На лето му истекува актуелниот договор со Зенит, па и нема да биде скап, искусен е и играше на највисоко можно ниво, а и денеска искусниот Србин игра доста добро.

Каталонците уште пред две сезони го сакаа Ивановиќ додека тој беше член на Челзи, каде што и ги одигра најдобрите години од кариерата, но Србинот ја одби тогаш понудата и одлучи да се врати во Русија.

Ивановиќ во текот на кариерата настапуваше за Срем, ОФК Белград, Локомотив Москва, Челзи и Зенит.

Златните години ги помина во Лондон, а во девет години играње на Стемфорд Бриџ тој три пати ја освои Премиер лигата, три пати ФА купот и еднаш Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Србија одигра 105 натпревари и постигна 13 голови.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе