ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Катар 2022: Ѕвезди кои ќе недостасуваат

Дваесет и вториот Мундијал на ФИФА наближува сѐ поблиску и поблиску. На едно место, во малиот Катар, ќе се соберат најдобрите фудбалери од целиот свет, или барем така се вели. Сепак, некои од најдобрите нема да бидат дел од овој светски собир.

За пехарот на ФИФА ќе се борат 32 репрезентации, а меѓу нив ќе недостасуваат некои и тоа како познати имиња на репрезентации. Веројатно најмногу ќе недостасува актуелниот европски шампион Италија, потоа и Чиле, Нигерија, Шведска, Египет, Колумбија... репрезентации во кои играат некои од најдобрите фудбалери во моментов.

Ова е листа на играчи кои дефинитивно ќе фалат во Катар:

Ерлинг Холанд - Норвешка

Холанд веќе се смета за еден од најдобрите голгетери во светот и веројатно најмногу ќе недостасува во Катар. Но, Холанд игра за Норвешка, репрезентација која многу ретко се квалификувала бидејќи тешко создава добра екипа. Холанд веројатно ќе мора да го прифати фактот дека ова нема да биде последен голем собир кој ќе го пропушти. За потсетување, го пропушти и ЕУРО 2020 каде Норвешка исто така не успеа да се квалификува.

Јан Облак - Словенија

Голманите сами не можат да го сменат текот на натпреварот, и тоа е причината поради која еден од најдобрите светски голманите ќе го гледа Мундијалот на ТВ, како што правеше и досега. Малата Словенија има досега двапати изненадено квалификувајќи се, но никогаш откако големиот Облак е на голот.

Марко Верати - Италија

Еден од најдобрите креативци од средниот ред веќе има 29 години, а не одигра ниту еден Мундијал откако стана вонсериски играч, во најдобрите години од фудбалската кариера. Навистина жалосно за еден ваков великан.

Мохамед Салах - Египет

Салах не оди во Катар за да оди Садио Мане. Фортуната при африканската бараж жрепка одлучи овие двајца да играат еден против друг, а епилогот на крајот беше негативен по Египќанецот.

Луис Диас - Колумбија

Колумбија беше очајна во квалификациите, па затоа во Катар ќе ја нема новата ѕвезда на Ливерпул.

Дејвид Алаба - Австрија

Капитенот на Австрија и играч на Реал Мадрид нема одиграно ниту еден Мундијал, што и не е чудно со оглед на квалитетот на неговата репрезентација.

Златан Ибрахимовиќ - Шведска

Реши да ѝ се врати на репрезентацијата, па повредите го спречија да ѝ помогне на Шведска да се пласира во Катар. Со оглед на неговите 40 години, ова многу веројатно дека беше последената шанса за уштре еден голем турнир за популарниот Ибра.

Мартин Одегард - Норвешка

Вториот Норвежанец на оваа листа е фантастичниот капитен на Арсенал. Ја носи и капитенската лента во репрезентацијата, а во комбинација со Холанд норвешките навивачи со право се надеваат дека во блиска иднина Норвешка конечно ќе се пласира некаде.

Џанлуиџи Донарума - Италија

Јунакот на Италија од ЕУРО 2020 е сѐ уште млад, па има надеж дека некогаш ќе заигра на Мундијал. Тоа дефинитивно нема да биде во Катар, за жал.

Ендрју Робертсон - Шкотска

Уште еден играч на Ливерпул кој Мундијалот ќе го мине дома, или можеби во тимскиот тренинг-центар. Шкотска беше во европските баражи, но не успеа.

Виктор Осимхен - Нигерија

Напаѓачот на Наполи кој е мета на низа европски гиганти беше дел од составот на Нигерија која во баражот изненадувачки потклекна пред Гана. Ќе мора да почека за својот прв Мундијал.

Дејан Кулушевски - Шведска

Новото шведско чудо ја избра Шведска пред Македонија, земјата од која потекнува, и тоа токму поради тоа што сметаше дека со Шведска редовно ќе игра на големите турнири. Не успеа уште во неговиот прв  мундијалски обид.

Артуро Видал - Чиле

Разиграните и распеани Чилеанци секогаш беа атрактивни за гледање, но како и за Мундијалот 2018, така и сега имаа проблеми во квалификациите, па повторно не успеаја. Видал, кој има 35 години, има два Мундијала зад себе и најверојатно на толку и ќе остане.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе