ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Катар бара од ФИФА Мундијалот да почне ден порано

Традицијата Мундијалот да биде отворен од домаќинот или актуелниот шампион според сегашниот календар треба да се урне. Тоа не им се допаѓа на домаќините кои побараа од ФИФА да направи промена во календарот.

Мундијалот во Катар треба да почне на 21 ноември во 13 часот по локално време со натпреварот помеѓу Сенегал и Холандија. Тука не би имало ништо необично доколку едната или другата репрезенатција беше актуелен шампион или домаќин. Затоа, Катар испрати официјален допис до ФИФА во кој бара разбирање и промена на календарот, односно нивниот натпревар против Еквадор наместо на 21 ноември во 19 часот да биде поместен за истиот термин, но ден порано, на 20-ти. Така Катар би ја задржал традицијата свеченото отворање да биде на натпревар на домаќинот или актуелниот шампион, а другите репрезентации не би трпеле промени и би играле во закажните термини на 21.

Според британски The Athletic, ФИФА е подготвена да го прифати барањето на Катар со цел да им удоволи на богатите организатори, но и да си ја зачува сопствената традиција.

URL

Она што е чудно е тоа што календарот беше направен уште на 1 април годинава, веднаш после жрепката. Прашањето е зошто Катар реагира дури сега кога одамна знаеше дека неговиот натпревар ќе биде дури трет на денот на отворањето (по Сенегал - Холандија од 16 часот следува Англија - Иран од Б групата).

Згора на тоа, Катарците уште во декември 2010 година дознаа дека токму тие ќе го организираат Мундијалот во 2022 година, па дури 12 години им беа потребни да им текне дека тие би требало да играат на отворањето.

URL

Информацијата дека ФИФА планира да го прифати барањето на Катар наиде на жесток револт кај фудбалската јавност, особено меѓу навивачите на Еквадор. Имено, овие навивачи доаѓаат од далечна земја и повеќето веќе имаат купено авионски билети и смештај со план дека нивната репрезентација игра на 21, а не на 20 ноември.

Сепак, одлуката не е само на ФИФА. За ваква голема работа следува гласање и тоа на посебно тело при ФИФА кое го сочинуваат Џани Инфантино (претседател на ФИФА) и претседателите на сите шест континентални федерации (УЕФА, АФЦ, ЦАФ, ОФС, КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ).

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Фудбал

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Read more

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Read more

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Read more

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе