Катастрофа во Калифорнија: Расте бројот на мртви, над 200 се исчезнати

Сакраменто, 12 ноември 2018 (МИА) – Пронајдени се телата на уште шест лица кои загинаа во пожарите во Калифорнија, со што смртниот биланс од огнената стихија се искачи на 31.

Окружниот шериф Кори Хони изјави синоќа дека од четвртокот се трага по уште 228 лица. Тој на прес-конференција соопшти дека шест тела биле пронајдени вчера во градот Парадајз, 137 километри северно од Сакраменто, додавајќи дека 10 тимови за пребарување и укажување помош од цела држава помагаат во потрагата по други жртви. Градот Парадајз е речиси целосно уништен, со оглед на тоа дека е центар на
огнената стихија. елемент. До моментов околу 7.000 згради целосно изгореја во Северна Калифорнија, јави државната шумска служба.

Властите користат мобилна ДНК-лабораторија и помош од антрополози за да ги идентификуваат жртви. Во некои случаи, истражувачите успеале да пронајдат само делови од коските на мртвите. Во делови на градот Парадајз е многу тешко да се утврди дали има останки на луѓе, бидејќи сè е изгорено.

Луѓето кои бегаат од катастрофата засолниште бараат кај пријатели или роднини, како и во центрите за евакуација, поради што голем број јавни објекти се претворени во прифатни центри.

 

 

Гувернерот Џери Браун побара помош од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп одобри финансиски средства, обвини за „слабо” справување со ситуацијата, што гувернерот негира.

Пожарникарите, кои со булдожери и лопати се борат со огнот, очекуваат налети на ветер со брзина од 64 км/ч. Сè уште нема прогноза за дожд. Постојат стравувања дека во слендите неколку часа ветрот же предизвика ново ширење на пожарите, поради кои околу 300 илјади лица од Калифорнија се веќе евакуирани.

Меѓу евакуираните се и познати личности, како актерот Џерар Батлер, пејачката Лејди Гага, Ким Кардашијан, Алиса Милано, Кетлин Џенер и други.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе