НБА 2024/2025

Катастрофални порази на Лејкерс и Клиперс

Франшизите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, изминатава ноќ претрпеа тешки порази во дуелите со Минесота и Мајами во најсилната лига во светот.

Лејкерс беа поразени со 134:93 на гостувањето кај Мајами, најтежок пораз оваа сезона. Конечните 41 поен разлика за домашните не беа најголемата разлика во текот на натпреварот. Пред самиот финиш Хит имаше и +43.

Избраниците на Ерик Спелстра и на овој меч постигнаа два рекорда, забележаа најмногу асистенции и најмногу тројки во историјата на франшизата.

Дури 42 асистенции поделија кошаркарите на домашната екипа, една повеќе од претходниот рекорд, додека во исто време погодија 24 тројки.

Тајлер Хироу го предводеше нападот со 31 поен, од кои 21 постигна во третата четвртина, најдобриот стрелец на тимот, а Бем Адебајо забележа дабл-дабл со 14 поени и 10 скока.

Во поразениот тим убедливо најдобар беше Леброн Џејмс со 29 поени.

Remote video URL

Дебакл, иако не толку лош како Лејкерс, доживеаја и Клиперс. Постигнаа само 80 поени и загубија од Минесота со 28 поени разлика (80:108).

Триумфот на Минесота можеше да биде и поубедлив бидејќи во еден момент водеше со огромни 41 поен разлика.

Џулиус Рендл ги предводеше „Волците“ до третиот последователен триумф (по 4 последователни порази) со 20 поени, од кои 16 постигна во првата четвртина. Рендл ги постигна сите свои поени, вклучително и 5 тројки, во првото полувреме.

Го следеше Ентони Едвардс со 16 поени.

Боунс Хјаланд беше единствената светла точка во поразениот тим со 18 поени.

Џејмс Харден имаше катастрофална шутерска вечер – упати само еден удар од поле (1/10 вкупни, 1/6 за три), а мечот го заврши со само 5 поени.

Remote video URL

Резултати:

Бостон Селтикс - Детроит Пистонс 130:120
Бруклин Нетс - Индијана Пејсерс 99:90
Мајами Хит - Лос Анџелес Лејкерс 134:93
Филаделфија 76ерс - Орландо Меџик 102:106
Милвоки Бакс - Атланта Хокс 104:119
Лос Анџелес Клиперс - Минесота Тимбервулфс 80:108

Табела:

Тагови
реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Кошарка

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Read more

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Read more

Навивачите на Звезда со жестоки навреди го избркаа американскиот амбасадор од Арената во Белград

Read more

Ленард се врати, Клиперс го понижи Бруклин со 59 разлика

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе