Снимка од Мајами пред и по ураганот Ирма покажува колкава штета е направена во овој град на Флорида.
Улиците се поплавени, стеблата се искоренети, уништени се и многу енергетски линии, поради што четири милиони луѓе останаа без струја.
Поплавен е и најголемиот аеродром на Флорида.
Метеоролозите и понатаму предупредуваат на опасност од појава на поројни поплави на местата кои ги уништи Ирма.