Катица Јанева под ПИ-мерки била девет дена

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол подоцна од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милески – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 до 21.07.2019.

При презентација на извештаите од Министерството за внатрешни работи, обвинителката Вилма Рускоска, истакна обвинетата Катица Јанева, била под ПИ-мерки, од 12 август 2019 година, односно овие мерки биле во сила до 21 август кога и беше приведена.

Во материјалните докази од ПИ-мерките прикажани во оваа рочиште за „Рекет”, можеше да се види како обвинетата Јанева, била снимена како СЈО, во куќа на улица Стрезова, во адвокатска фирма Поленак, до Апелационен суд, во ресторан Ден и Ноќ, во институт за геријатрија, ресторан Казабланка …

Бранителот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, рече дека изнесените материјали од ПИ мерките на на денешното рочиште воопшто и не требало да бидат изведени, бидејќи, предметот на обвинение е од ноември 2018 година до април 2019 година, додека ПИ мерките се во јуни и август 2019 година.

На следното рочиште ќе бидат пуштени преостанатите три фолдери од УСБ стикот на Кичеец.

Претходно, обвинителството побара тие да не бидат изведени зошто не се релевантни за кривично правниот настан, но сега, како што рече, Рускоска, со цел да не се остава впечаток дека обвинителството прикрива некои докази, смета дека треба да бидат изведени.

Боки 13 приговараше дека презентираните материјали денеска биле несериозни и не соодветствувале тоа што се читало со тоа што се гледало на екраните.

– Не се виде никаде на видео, како што потенцира обвинителството, дека влегувам во куќата на Катица Јанева, изјави Боки 13.

Адвокатот Сашко Дуковски, реагираше дека обвинителството пропуштило да идентификува две општо познати лица на јавноста со кои бил Јовановски во ист ресторан во Скопје.

Во однос на „звучните имиња“ обвинителката Вилма Рускоска, по завршување на денешното рочиште, рече дека бидејќи го читала извештајот не ги ни видела.

– Како што можевте сами да се уверите не беше спомнато ниту едно име, освен лицата за кои беа наредени посебни истражни мерки, изјави Рускоска.

За барањето за изведување на преостанатите материјали од УСБ стикот на третообвинетиот, Рускоска рече дека одбраната направила голем проблем околку тоа иако според неа е непотребно одологовлекување на постапката.

– Поради јавноста и да нема сомневање во тоа дека обвинителството не сака да прикаже некои докази кои наводно одат во корист на одбраната, од тие причини денеска прелдожив утре да се слушнат и драго ми е што судијата прифати, изјави Рускоска.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе