Македонија

Катица Јанева тврди дека не е вмешана во „Рекет“, одби да одговара на новинарски прашања

23. јули 2019 - 13:19 | МИА/КАЈГАНА

Скопје, 23 јули 2019 (МИА) – Најдоговорно тврдам дека на ниту еден начин, ниту свесно, ниту несвесно, ниту  со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов сѐ уште ја извршувам и јавно ги охрабрувам правосудните органи да ги расчистат сите околности за случајот „Рекет“.

Ова денеска на прес-конференција во СЈО го изнесе обвинителката во оставка Катица Јанева.

-Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ  и дека на дневна основа комуницира со лицето, кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена  должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што рече, „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест“.

По давањето на изјавата, Јанева одби да одговара на новинарски прашања и се повлече, покрај настојувањата на присутните новинари.

Коментирај