Кошарка

Каваи Ленард е слободен - Наддавањето може да почне!

24. јуни 2019 - 16:45 | А.С.

Каваи Ленард (27) ја одби опцијата наредната сезона да заработува 21,3 милиони долари во Торонто и стана неограничено слободен агент, што значи дека  за него може да се „наддаваат“ сите тимови, вклучувајќи го неговиот актуелен тим кој секако, планира да го задржи.

Најдобриот играч на НБА финалето оваа сезона и освојувач на историскиот прв шампионски прстен со Рапторс, на овој начин излегува на пазарот и бара нова средина.

Најмногу се шпекулира дека можно е да замине во родниот Лос Анџелес, пред сѐ во Клиперс, додека сѐ поретко се „шушка“ за Лејкерс, а една од опциите би било заминување кај Бруклин или Никс.

Според американските медиуми, најреална опција сепак е да остане во Торонто каде уште во првата сезона стана легенда, а се чини дека и по темпераментот со согласува со Канаѓаните.

Се смета дека Рапторс ќе ја искористат опцијата како единствен тим што може на Ленард да му понуди максимален договор од пет години во вредност од 190 милиони долари.

Коментирај