Кавани повторно во конфликт, се скара и со Суарез

Фудбалерот на Парис Сен Жермен Едисон Кавани после конфликтот со Нејмар имаше и расправија со колега од репрезентацијата, Луис Суарез.

Кавани и Суарез, двајцата главни напаѓачи на Уругвај, имаа вербален конфликт за време на последниот натпревар од квалификациите за Светско првенство против репрезентацијата на Боливија.

Уругвајците си обезбедија пласман на Светското првенство 2018 година во Русија преку триумфот со резултат од 4:2, а Суарез кој три години му беше соиграч на Нејмар во Барса, му дофрлуваше на Кавани кога овој се обиде да дофати тежок волеј, иако на другата статива имаше слободен играч.

Очекувано, веднаш се појавија медиумски наслови дека Бразилецот го свртел големиот пријател против соиграчот од репрезентацијата, а самиот Кавани ги подгреа тие тврдења нешто подоцна, кога „Ел Пистолеро“ постигна погодок.

Додека сите славеа со напаѓачот на Барселона, Кавани сам се упати кон центарот, без реакции на овој погодок.

За потсетување, двете големи ѕвезди на ПСЖ се скараа околу изведување на пенал, за потоа да следи и уште еден конфликт, а сега наводно се смириле.

Меѓутоа, веќе се шпекулира дека 30-годишниот Уругваец на крајот од сезоната ќе ја промени средината, а се уште е непознато каков ќе биде епилогот од кавгата со Суарез.

 

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе