Казинс сам го победи Мемфис

Њу Орлеанс го победи Мемфис со резултат од 98:82, Торонто по едно продолжение славеше над Чикаго со 122:120, Бруклин го изненади Детроит со 98:96, Мајами очекувано го победи Феникс со 112:97, Сан Антонио славеше во Минеаполис со 100:93, а Портланд загуби од Милвоки со 90:93.

Њу Орлеанс ги задржа шансите за пласман во плејофот со победата над Мемфис. Неверојатен натпревар одигра Демаркус Казинс кој постигна речиси половина од поените на својот тим.

Популарниот Буги на теренот мина 37 минути и имаше ефект од 41 поен, 17 скокови, три блокади и по две асистенции и украдени топки.

Чикаго испушти предност од 15 поени во последните седум минути (109:94) и потоа во продолжението загуби од Торонто. Демар Дерозан го предводеше победникот со 42 поени, 7 скокови и 8 асистенции. Кај Чикаго блескаше Џими Батлер со 37 поени, 10 скокови и 6 асистенции.

Натпреварот го обележа тепачката помеѓу Робин Лопез и Серж Ибака, поради што двајцата беа исклучени.

Хасан Вајтсајд со 23 поени и 14 скокови го предводеше Мајами до убедливата победа над Феникс. Центарот на Мајами го забележа 13-от „дабл-дабл“ на последните 13 натпревари.

Бруклин го изненади Детроит и победи со поените на Брук Лопез постигнати во последната секунда. Лопез беше најдобриот поединец на натпреварот со 29 поени и 7 скокови.

Сан Антонио не дозволи изненадување во Минеаполис против Минесота која игра без тројца важни играчи во ротацијата. Ламаркус Олдриџ со 26 и Каваи Ленард со 22 поени беа најдобри кај Спарси.

Портланд загуби од Милвоки иако во последните три минути влезе со предност од три поени. Крис Мидлтон со 26 поени го предводеше Милвоки, додека најефикасен на натпреварот беше бекот на Портланд, Демијан Лилард со 31 поен. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе