Казна затвор 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета Секондо Пино.

Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна дека помогнала во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година во атарот на селото Љуботен.

ОЈО Скопје, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднесе обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини Ангела дека како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело  – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

-Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо, соопштија од ОЈО Скопје.

Според Обвинителството, обвинетата дала значително придонела за извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото убиство, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења.

За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово пронаоѓање јавниот обвинител презема интензивни дејствија.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе