Казната на пајак-службата на Општина Центар ќе поскапи за 1.000 денари

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 1 октомври 2022 година, воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието.

Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање на смс пораките. Следствено на тоа, јавните паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се класифицираат во три паркинг зони: Зона 0, Зона 1 и Зона 2. Во Зона 0 се опфатени истите сервисни и станбени улици како и до сега: „8-ма Ударна бригада“, „Лермонтова“, „Никола Кљусев“, „Максим Горки“, „Наум Наумовски Борче“ (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), „Скопска“ и „Орце Николов“ (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија). Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Дебар Маало“, Сектор „Парк“ и Сектор „Буњаковец“, а во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Капиштец“ и Сектор „Пролет“. Цената за 1 час паркирање во Зона 0 ќе биде 100 денари, во Зона 1 – 70 денари и во Зона 2 – 60 денари. Со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.

За подобро информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ ќе ги обнови сите информативни табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на корисниците на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во Општина Центар.

ЈП Паркинзи на Општина Центар, исто така, направи измени и во Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта и Ценовникот на услуги и надоместоци за отстранување и преместување.

Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ). Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500.

реклама

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Путин игра на картата – крај на војната: Услови за Украина кои би означиле траен крај на конфликтот

Read more

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Read more

Македонија

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Read more

Се зголемува цената на дизелот

Read more

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Read more

ВЛЕН: Дрин Ахмети во Rolls-Royce, Мијалков во Ferrari, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ

Read more
 

Вести

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп: Бара укинување на претседателскиот имунитет

Читај повеќе

Кој сѐ е поканет на инаугурацијата на Трамп?

Читај повеќе

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Читај повеќе