Фудбалерите на Рома ќе останат „заклучени“ во клупската база по вчерашното фијаско против тимот на Каљари.
Одлуката екипата на Рома да биде „заклучена“ во тренинг базата беше соопштена од Roma Radio, а казнениот камп ќе трае до среда, кога тимот ќе се соочи против Викторија Плзен во средба без значење во групната фаза на Лигата на шампионите.
Иднината на менторот на тимот, Еузебио ди Франческо пак сè уште нејасна.
Во медиумите веќе се појавија имињата на неговите потенцијални заменици, меѓу кои се Пауло Соуса и Винченцо Монтела.