Продолжува трендот на казнување на непримерни и несовесни граѓани кои не носат заштитна маска кршејќи ги и новите правила донесени од Владата во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот.
Од МВР известуваат дека во текот на изминатото деноноќие, односно 20 и 21 јанураи, на територијата на државава се регистрирани 358 прекршоци во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот COVID-19.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.