Со драстично засилени контроли продолжува трендот на казнување на непримерни и несовесни граѓани кои не носат заштитна маска кршејќи ги и новите правила донесени од Владата во однос на носењето маска.
Од МВР известуваат дека во текот на изминатото деноноќие, односно 1-2 ноември, на територијата на државава се регистрирани 737 прекршоци во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот COVID-19.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.