Официјалните лица на Управата за индиректно оданочување на БиХ се казнети за разголена масажа во текот на работно време. Во дисциплинската постапка главните тројца актери на инцидентот добиле парична казна во износ од 30 отсто од платата за период од шест месеци.
Во март годинава, тројца службеници на Управата за индиректно оданочување беа суспендирани од работа поради неправилно и несоодветно однесување на работното место и наштетување на угледот на институцијата со објавување фотографија со несоодветна содржина.
На фотографијата се наоѓаат еден од вработените во ИТ-секторот и една службеничка, при што се гледаат голите нозе и задникот на жената која лежи на маса додека колегата ја масира во текот на работното време.