Казни за 809 возачи, 232 за брзо возење, поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на годинава

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите 8 сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ државава, издадени беа 809 платни налози, додека пак наплатени беа 486 прекршочни платни налози, соопшти МВР.

Притоа, забележлив бил континуитетот на актуелниот статистички тренд во поглед на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. И натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање (264), и прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената (232). Во 6  случаи откриени се алкохолизирани возачи, 11 возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле 18 пешаци. Исто така, по основ на неносење сигурносен појас изречени се 46 казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 23 прекршоци, а во 56 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.

Инаку, за очекување е дека завршувањето на активностите на кои што Министерството работи изминативе месеци – законските измени што треба да овозможат оперативно функционирање на проектот, односно системот за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, односно за нов дигитализиран и автоматизиран механизам во контролата на сообраќајните правила и прописи – „Безбедна држава“ во многу да допринесе за подигање на нивото на сообраќајна култура и сообраќајна безбедност низ патиштата во државата. Поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на оваа 2025 година, а системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената, непрописно паркирање и друго.

реклама

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе