Ќе добие ли фудбалот нова, многу атрактивна репрезентација: Сакаме да играме, имаме 5.600 фудбалери

Огромниот остров Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, планира да се приклучи на меѓународниот фудбал со формирање на национален тим кој би играл официјални натпревари.

Законски, Гренланд не може да биде дел од УЕФА. Иако географски и припаѓа на УЕФА преку Данска, не може да се приклучи бидејќи УЕФА има статут кој ги исклучува независните региони. Поинаква е ситуацијата со Фарските Острови, кои исто така припаѓаат на Данска, но тие беа вклучени пред усвојувањето на статутот во 1990 година.

Но, во Гренланд најдоа решение и поднесоа барање за приклучување кон КОНКАКАФ, односно чадор-куќата на Северна и Централна Америка.

Тие ги побараа своите права преку Судот за спортска арбитража (ЦАС) и она што им оди во прилог е што членови на КОНКАКАФ веќе се некои репрезентации кои не се независни и претставуваат прекуокеански територии како Аруба, Гваделуп и Мартиник.

„Моменталната состојба на фудбалот во Гренланд е исклучително добра. Тоа е убедливо најпопуларниот спорт. Имаме играчи од сите возрасти и пол, подготвени да играат на сите видови површини и во сите временски услови. Имаме регистрирани 5.600 фудбалери, што нѐ прави една од земјите со најмногу играчи по глава на жител“, изјави Кенет Клеист, претседател на КАК, локалната фудбалска асоцијација.

Што се однесува до површината, природната трева е ограничен ресурс на Гренланд и изградени се 18 вештачки терени. Клеист напоменува дека тоа е предност бидејќи играчите се навикнати на различни услови и дека играат солиден технички фудбал.

Така, Фудбалската асоцијација на Гренланд минатата година поднесе барање за приклучување кон КОНКАКАФ, а сега очекуваат позитивен одговор со помош на Арбитражниот суд за спорт. Велат дека оцениле сѐ, проектот го започнале пред 10 години и наведуваат дека ги исполниле сите организациски критериуми.

Со членството во КОНКАКАФ ќе можат да учествуваат во квалификациите за Голд купот (првенство на Северна Америка како што е ЕУРО во Европа) и во тамошната Лига на нации. Следен чекор по членството во КОНКАКАФ би било членство во ФИФА.

Репрезентацијата на Гренланд одамна редовно учествува на Островските игри за непризнати репрезентации, а летоска одржа камп во Анталија каде одигра и контролка против Туркменистан, член на ФИФА, на која загуби со 5:0.

реклама

Фудбал

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Read more

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Read more

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Read more

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Читај повеќе
  • play_arrow

Заради ова гледаме фудбал!

Читај повеќе

Гризман сепак ќе остане во Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Германска водителка виновна за наводниот развод на Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Читај повеќе