Ќе има војна во октагонот, сигурен е шефот на УФЦ за мечот Мекгрегор-Поарје

Конор Мекгрегор (22-4) и Дастин Поарје (26-6-1) ќе се борат на 24 јануари во Абу Даби на настанот УФЦ 257 во една од борбите што се чекаат со големо нетрпение.

Тоа ќе биде само третата борба на Ирецот во последните четири години, период во кој двапати замина во пензија, се враќаше и претрпе тежок пораз од Хабиб Нурмагомедов во 2018 година.

Тоа ќе биде втора борба помеѓу Мекгрегор и Поарје. Првата заврши со нокаут за Ирецот во првата рунда од мечот во 2014 година, па сосема е очекувано дека тој пак е голем фаворит во обложувалниците.

Сепак, шефот на УФЦ Дејна Вајт, смета дека Ирецот нема да има лесна работа.

„Слушнав дека Поарје вели дека тој е сосема поинаков борач во споредба со оној што загуби од Конор. Тој најави војна во октагонот и јас му верувам од збор до збор дека тоа ќе биде војна. Оваа борба доаѓа во вистинско време и за двајцата борачи и мислам дека ќе биде многу забавно“, рече шефот на УФЦ.

Од нивниот прв натпревар, Конор се борел само осум пати, а Поарје дури 13 пати.

„Сакам и двајцата да крвариме во рингот. Да се ​​бориме и да ни биде тешко, бидејќи во тие услови најдобро е да се види кој е подобар борач. Ако е така, тогаш победувам во десет од десет случаи“, рече Поарје.

За потсетување, титулата во лесна категорија уште ја има Хабиб Нурмагомедов , иако е во пензија. Победникот од овој натпревар ќе се бори против првиот предизвикувач за УФЦ титулата во лесна категорија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе