Ќе се ослободуваат скопските тротоари од билбордите

Од Град Скопје најавија акција во која ќе ги ослободат пешачките зони и велосипедските патеки од рекламните билборди.

Конечно скопјани ќе куртулат од дел од сметалата среде тротоарите и велосипедските патеки. Од Град Скопје денеска го објавија наредниот проект кој ќе се реализира во периодот кој следува и кој предвидува отстранување на вкупно 240 рекламни објекти од јавниот простор.

Во Скопје има вкупно 680 билборди, но не сите се на површини на кои го оневозможуваат слободното движење на граѓаните. При оваа акција, ќе бидат отстранети 120 билборди и исто толку ситилајти кои се означени дека им сметаат на граѓаните да го остварат своето уставно право за слободно и непречено движење по јавните површини.

„Продолжуваме со интензивното ослободување на јавните простори во Скопје со цел да обезбедиме повеќе простор за пешаците и за велосипедистите во време на светската пандемија на коронавирусот. На задоволство на граѓаните постигнавме договор со компаниите кои се занимаваат со закуп на рекламен простор во делот на билборди и ситилајти, доброволно да отстранат вкупно 240 рекламни објекти од јавните површини во Скопје и покрај тоа што во минатото имаат склучено договор со градот, за што платиле извесен надомест. Станува збор за 120 билборди и 120 ситилајти кои биле легално поставени во најголем дел на тротоари, пешачки површини, велосипедски патеки и други јавни површини и на тој начин го ограничувале движењето на пешаците и на велосипедистите со што ја намалувале и безбедноста на целокупниот сообраќај“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

„Сакам да се заблагодарам на компаниите кои ги издаваат овие рекламни објекти за разбирањето и покажаната одговорност кон граѓаните, а кои се откажуваат од дел од својата заработка со цел граѓаните да имаат повеќе и побезбеден јавен простор во градот, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција“, додате тој.

 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе