Ќе се снима „Scarface and the Untouchable“, серија за Ал Капоне и Елиот Нес

Во продукција на Showtime наскоро на екраните повторно ќе оживее приказната за Ал Капоне и Елиот Нес.

Сценариото е на Бен Џејкоби, а серијата „Scarface and the Untouchable“ е базирана според книгата на Макс Ален Колинс и Бред Шварц и говори за животите на познатиот гангстер и неговиот непријател Елиот Нес во Чикаго, за време на прохибицијата.

Приказната за Капоне и Нес досега е прикажана низ различни форми на медиуми, но изгледа дека до денес привлекува внимание.

Официјалниот синопсис на серијата гласи: „Во 1929 година, 30-годишниот гангстер Ал Капоне подеднакво владее со подземјето во Чикаго, но и со корумпираната влада. Скарфејс стана локален херој и славна личност. Но, по бруталниот масакр на Денот на вљубените, Капоне е народен непријател број 1. Федералната влада пронајде несуден херој во 27-годишниот агент по име Елиот Нес. Избран да го предводи легендарниот тим познат како „The Untouchables“, Нес се фокусира да го уништи криминалното царство на Капоне“.

Серијата ветува дека ќе се фокусира на периодот на забрани, индустријализација, имигрантско искуство, спроведување на законот и раѓање на организиран криминал.

Ќе го следи периодот од 20-тите години на минатиот век до Големата депресија, сиромашните квартови па до Белата куќа. Ќе покаже каков криминалец бил Капоне, додека Нес важи за еден од најреволуционерните полицајци во американската историја.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе