Кејн: Добар резултат на Мундијалот ќе ги избрише сите минуси

Капитенот на англиската репрезентација истакна дека навивачите не треба да паничат поради лошите резултати на националниот тим воочи Светското првенство во Катар.

„Гордиот Албион“ пред два дена изгуби од Италија со 1:0 во натпревар од 5. коло во Лига А од Лигата на нации. Англија е закована на последното место на табелата со само 2 освоени бода, а поразот од „Аѕурите“ значи и дека Англичаните наредната сезона се селат во понизок ранг, односно Лига Б, бидејќи немаат ниту теоретски шанси за да изборат опстанок.

„Не паничиме, знаеме дека мораме да напредуваме. Нормално дека ја разбирам фрустрацијата на навивачите. Бев навивач на Англија, и понатаму сум. Ако имаме добар турнир, не сум сигурен дека луѓето и натаму ќе бидат загрижени за резултатите од летоска. Знам дека мораме да се подобриме“, рече Хари Кејн.

Англија последниот натпревар од оваа сезона на Лигата на нации ќе го одигра денеска кога од 20:45 часот на „Вембли“ ќе ја пречека Германија.

„Навивачите се секогаш одлични и нѐ поддржуваат. Знам дека и сега ќе бидат тука. Сите се возбудени поради Мундијалот. Се надевам дека ќе им се оддолжиме со добри резултати“, додаде тој.

Англија во Лигата на нации влезе како финалист од последното ЕУРО, но комплетно разочара во група со Италија, Германија и аутсајдерот Унгарија, која всушност вечерва против Италија се бори за првото место во групата и пласман во фајнл-фор разигрувањето за пехарот.

На Мундијалот во Катар репрезентацијата на Англија е во групата Б заедно со Иран, САД и Велс. Навидум лесна група, но токму САД, а особено Велс, се страшно мотивирани кога играат против Англија. Иако одамна, Англичаните уште не го заборавиле шокантниот пораз од САД на Мундијалот 1950 во Бразил поради кој испаднаа уште во групната фаза.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе