Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Кејн на Twitter се збогува од Покетино

20. ноември 2019 - 15:03 | Ф.З.

Навивачите на Тотенхем можеби се пресреќни што Жозе Мурињо е нов тренер на тимот, но голгетерот Хари Кејн тагува по стариот.

Кејн е дел од Тотенхем уште од 2004 година кога се приклучил на 11-годипшна возраст. Со Маурисио Покетино тренираше во изминативе пет години и со кого се етаблираше како расен стрелецд, денес и предводник на нападот на репрезентацијата на Англија.

Откако Покетино синоќа доби отказ, Кејн денес на Twitter напиша:

„Шефе. Засекогаш ќе ти бидам благодарен за тоа што ми помогна да ги остварам моите соништа. Имавме некои неверојатни моменти во изминатите 5 и пол години кои никогаш нема да ги заборавам. Ти ми беше тренер, но исто така и пријател и ти благодарам за таквиот однос. Со среќа во новото поглавје“.

Коментирај