Кејт Аптон во секси верзија на Baby One More Time на Бритни
Оригиналната верзија на песната и спотот за Baby One More Time е секси, но не колку верзијата на Кејт Аптон во шоуто Lip Sync Battle на Spike.
Моделката која ги има красено страниците на Sports Illustrated ја вжешти атмосферата во студиото со нејзиниот сексапилен настап на познатата поп песна, облечена во униформа на ученичка, како Бритни Спирс во оригиналниот видеоспот.