Кејти Пери ја налути Австралија со новата реклама
Кејти Пери, не ги чепкај коалите.
Поп-ѕвездата наиде на критики по објавувањњето на нејзината реклама за автралиската стоковна куќа Myer во која на крајот му вика на кучето „Ајде да бркаме коали“. Причината за критиките е што службите во земјата веќе подолго време се борат против навиката да се пуштаат кучиња на коалите.
Ветеринарите велат дека не е добро коалите да доаѓаат во контакт со кучињата. Имајќи предвид дека популацијата на коали е во опаѓање, делумно поради уништувањето на животната средина и поради удари од возила, ветеринарите сметаат дека не е во ред поп-ѕвезда како Кејти Пери да го поттикнува бркањето коали со кучиња, кои често ги напаѓаат овие мирни торбари.
Во Квинсленд поради напади на кучиња годишно умираат 110 коали.
Портпаролот на Myer рече дека се извинуваат за невкусната реклама и дека во тек е постапката за остранување на тој дел од рекламниот спот.