Кејти Пери објави бизарен спот за „Bon Appétit“
Американската пејачка ги мина сите граници на вкусот со најновиот бизарен спот за песната „ Bon Appétit“. Во него, таа е послужена како главно јадење, а без сомнение спотот ќе предизвика огромна прашина.
Кејти е позната по провокативните спотови, а таков е и најновиот, кој изобилува со бизарни сцени. Многумина коментираат дека веќе ги минала границите на добриот вкус.