Кејти Пери откри детали за нејзината сексуалност
Пејачката Кејти Пери пред неколку дена во Лос Анџелес ја доби наградата National Equality за нејзината кампања за заштита на човековите права.
Во десетминутниот говор Кејти зборуваше за нејзината приврзаност кон ЛГБТ заедницата и се отвори за нејзината сексуалност.
„Јас сум пејачка и искрена кантавторка. Ја кажувам вистината и ги пресликувам моите фантазии низ поп песни. На пример, 'I kissed a girl and I liked it' (Бакнав девојка и ми се допадна)... да бидеме искрени, направив многу повеќе од бакнување“, рече Кејти.