Келнер, дај по едно Жељко Обрадовиќ пиво

Да, кошаркарскиот тренер Жељко Обрадовиќ доби пиво во негова чест во својот роден град.

Најтрофејниот тренер во европската кошарка, Србинот Жељко Обрадовиќ, после сите трофеи во својата богата колекција сега ќе може да се пофали и дека има свое пиво.

Од неговиот роден град Чачак стигнува интересна вест дека во кафичот Жоц, именуван токму по прекарот на Обрадовиќ, ќе се точи и истоименото пиво.

„Жељко секогаш знаел да им помогне на своите стари другари. Ниту 40-те титули освоени ширум Европа и светот не застанаа на патот на другарството од младоста. Жељко знае дека има своја екипа, на чија цврста одбрана може да се потпре при секој животен предизвик. Токму таа екипа му доделува уште една титула, онаа за вистинско пријателство. Такво е и ова пиво, во негова чест, а за гостите на Жоц кафе, за уживање“, вели Александар Дениќ, еден од сопствениците.

Обрадовиќ во својата тренерска кариера ги предводеше Партизан, Жувентуд, Реал Мадрид, Тревизо и Панатинаикос, а од 2013 е во Фенербахче. Има освоено 9 титули шампион на Евролигата, 11 пати шампион на Грција, 7 Грчки купа, 4 пати шампион на Турција, 3 Турски купа, 3 Турски Суперкупа, 2 пати ФИБА Сапорта куп, 2 пати Мадридски куп, 1 Италијански Суперкуп, 1 шампион на Каталонија, 1 шампион на Југославија, 1 Југословенски куп, 1 Гомељски куп, како и еден куп индивидуални награди меѓу кои и 2 пати ФИБА европски тренер на годината и 3 пати Евролига тренер на годината.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе