ЛИГ 1 2022/2023

Келтски музички фестивал одложи натпревар на Лион

Лион денеска нема да го игра планираниот натпревар на гости кај Лорјан и тоа поради бизарна причина - тревникот на стадионот е прилично оштетен поради музички фестивал.

Од 6 до 11 август на стадионот „Ду Мистоар - Ив Аленмат“ во градот Лорјан во Бретања, Северозападна Франција, се одржуваше музичкиот настан Festival Interceltique de Lorient чии последици денеска одложија натпревар од најдобрата француска лига. Гигантот Лион требаше да ги одмери силите со локалниот тим на Лорјан од 13 часот, но натпреварот мораше да биде одложен откако гостите на фестивалот ја уништиле тревата на стадионот.

Иако тревникот бил покриен со церата, стотиците луѓе кои се движеле и скокале за време на фестивалот му нанеле огромна штета која Лорјан до денот на одигрување на натпреварот не успеал да ја санира. Додатен проблем претставува и сушата која ја зафати Франција.

Во Лион се гневни што домаќинот не го поправил тревникот, за што имал три дена, и што не обезбедил друг стадион за одигрување на натпреварот кој сега ќе биде дополнително сместен во некој друг термин во и онака згуснатиот распоред.

„Олимпик Лион жали што Лорјан не направи с што е можно за да го спречи ваквиот развој на настаните - кој изгледаше неизбрежен со оглед на моменталната ситуација - со тоа што побара одложување од Комисијата за натпреварување при ЛФП. Олимпик Лион ќе остане внимателен во врска со презакажувањето на овој натпревар од 2. коло од Лиг 1, што може сериозно да влијае на календарот“, објави Лион.

Festival Interceltique de Lorient е традиционален фестивал кој ја слави келтската култура, на која припаѓаат и етничките Бретонци кои живеат во овој дел на Франција и кои говорат свој јазик. Освен на стадионот во Лорјан, фестивалот се одржува и на разни локации низ градот.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе