Тренерот на „Сините“ застана во одбрана на баскискиот голман иако го пресели на клупата на последниот натпревар.
Челси неодамна го донесе Едуард Менди од Рен за 22 милиони фунти, голман кој треба да му го земестото на Кепа Арисабалага помеѓу стативите.
Најскапиот голман на светот полседната шанса ја доби на почетокот од сезоната, но прими лесен гол против Брајтон и јавноста помисли дека тоа беше неговиот последен натпревар за Челси. Особено поради фактот што во саботата Кепа беше резерва против Вест Бромвич Албион, Менди не беше спремен за настап, а на голот застана Вили Кабажеро.
Денеска на прес-конференција Френк Лампард беше прашан токму за Кепа, односно дали натпреварот против Брајтон бил негов последен.
„Не, воопшто не. Беше тежок период за него. Кепа е млад човек и голем дел од вниманието врз него беше неправедно“, категорично рече Лампард.
Челси го купи Кепа во 2018 година од Атлетик за рекордни 80 милиони евра.