Кепа, статистиката немилосрдна кон најскапиот голман

Навивачите на Челси беа возбудени кога во 2018 година тогаш 23-годишниот Кепа Арисабалага потпиша за нивниот клуб. Две години подоцна едвај чекаат да си замине.

Двете години на Кепа во Лондон ги обележаа низа киксови и еден голем скандал.

Баскискиот голман го привлече вниманието на светската фудбалска јавност со караницата со тренерот Маурицио Сари кога одби да биде заменет во финалето од ФА Купот против Манчестер Сити. При крајот Сари сакаше помеѓу стативите да го стави Вили Кабажеро, аргентинскиот специјалист за пенали, но Кепа инсистираше тој да брани во пенал-рулетот. Не му помогна ниту тоа што одбрани два пенала и му ја донесе титулата на Челси.

Сѐ што правеше Кепа по тој инцидент беше под лупа на јавноста. Сите киксови кои пред финалето беа заборавани, испливаа на површина, а ни самниот Баскиец не направи ништо за навивачите да му простат.

Напротив, Кепа бранеше сѐ полошо и полошо, а синоќа уште еднаш ја демонстрираше својата неумешност.

На дуелот со Брајтон прими гол кој и просечен голман би го одбранил. Леандро Тросар упати удар од дваесетина метри, Кепа се фрли, но топката мина под него и заврши во мрежата.

Иако Кепа со своите 186 сантиметри е под денешната просечна голманска висина, па разбирливо не се снаоѓа најдобро при нафрлени топки, сепак тоа не е неговата најслаба особина.

Ударите од далечина се неговата Ахилова пета, а статистиката тоа и го потврдува.

URL

Откако дојде во Челси во август 2018, ниту еден голман во Премиер лигата не примил повеќе голови надвор од шестнаесетникот од Баскиецот, дури 19. Освен тоа, во 96 натпревари за Челси во сите натпреварувања прими 110 голови, а само 33 пати ја зачува мрежата незатресена.

Но, особено поразителна е неговата статистика во последно време. Од последните 13 удари во рамките на голот прими дури 9 голови. Во превод: одбранил само 31% од ударите!

URL

Да звучи уште полошо за Челси, Кепа е најскапо платениот голман во историјата. Челси на Атлетик му искешира дури 80 милиони евра и тоа е она што највеќе ги погодува навивачите на „Сините“. Да биде работата уште полоша, истото лето Ливерпул го донесе Алисон од Рома и го плати 18 милиони евра помалку. Алисон се покажа како вонсериски голман, а Кепа разочарување.

По синоќешниот дуел со Брајтон, стартегот Френк Лампард застана во одбрана на Кепа: „Среќен сум со Кепа. Тој е овде, наш голман е и среќен сум што е тука“.

И никој не му поверува.

А и зошто би му верувал кога Челси јавно бараше купец за Кепа. Купец кој не го најде и прашање дали допрва ќе го најде.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе