ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПАРИЗ 2024

Кер: Видов српски кошаркари како плачат, се чувствував ужасно

Селекторот на Соединетите Американски Држави, Стив Кер, даде изјава по синоќешната луда партија во која неговите кошаркари ја победија Србија со 95:91 и се пласираа во финалето на Олимписките игри.

„Беа брилијантни, чест ми е што бев дел од овој натпревар. Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот. Им кажав на нашите тренери дека ова ќе биде најтешкиот натпревар на турнирот, го очекував токму ова. Србија е многу добар тим, добро е воидена. Никого не е лесно да се победи трипати по ред за краток временски период, а ние претходно двапати ги добивме и притоа немаше неизвесност. Го мразев тоа затоа што чувствував дека сега ќе биде многу тешко“, рече Кер.

Повеќекратниот освојувач на НБА лигата со Голден Стејт Вориорс истакна дека Србија одиграла перфектен натпревар.

„Среќен сум што победивме. Видов некои српски играчи како плачат по натпреварот. Се чувствував ужасно бидејќи направија сѐ, играа прекрасна кошарка. Секако дека бев загрижен за можен пораз. Бев загрижен цела вечер и цел натпревар. Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во светот, а српската репрезентација секогаш знае како да одигра. Оваа нивна екипа шутерски не е најдобра ако ја споредиме со претходните. Меѓутоа, им требаа тројки и ги погодуваа. Ми се чинеше дека секој пат погодуваат важен шут. Имавме доволно време да се вратиме и да победиме. Сепак, беше тешко, тие беа неверојатни“, порача американскиот стратег.

Да потсетиме Србија водеше речиси цел натпревар, но на крајот САД одиграа фантастични последни 10 минути и стигнаа до победа вредна за финалето, каде ќе играат против домаќинот Франција.

Од друга страна, Србија ќе се бори за бронза против Германија.

Remote video URL
реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Кошарка

Мајами доживеа најголема плејоф брука во историјата на НБА

Read more

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Read more

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Read more

Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Read more
 

Спорт

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Читај повеќе

Ламин Јамал има само 17 години, а веќе постигна многу во кариерата

Читај повеќе

Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Читај повеќе

Арсенал вечерва е домаќин на ПСЖ во првиот чин од спектаклот во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами доживеа најголема плејоф брука во историјата на НБА

Читај повеќе

Интер без Павар против Барселона

Читај повеќе