Лурдес Леон, ќерката на поп-пејачката Мадона, е новото заштитно лице на пролетната колекција на дизајнерот Марк Џејкобс за 2021 година.
Американскот бренд ја потврди соработката, објавувајќи фотографии од колекцијата на коишто Леон е облечена во силни бои и цветни комбинации.
Колекцијата на Џејкобс е моделирана според претходните линии, типични за 90-тите години од минатиот век.
Според краткото соопштение на брендот, снимањето и фотосесијата се инспирирани од индивидуализираниот пристап кон личниот стил.
Не е првпат ќерката на Мадона да учествува во модна кампања. Лурдес дебитираше на видео-ревија на Miu-Miu во 2019 година и оттогаш следеа неколку линии.
Мадона е долгогодишна муза и пријателка на дизајнерот Марк Џејкобс. Во интервју за Vogue во 2008 година, Џејкобс изјави дека Мадона е врвен изведувач.