Ќерката на Пол Вокер ќе се појави во новото продолжение на Fast & Furious

МедоувВокер, ќерката на покојниот Пол Вокер, се огласи на Instagram за да сподели слика од снимањето на новиот филм Fast & Furious и нејзиното искуство на сетот.

„Првиот филм Fast & Furious излезе кога имав една година! Пораснав на сетот гледајќи ги татко ми, Вин, Џордан, Мишел, Крис и другите на екранот. Благодарение на татко ми, се родив во семејството Fast & Furious. Не ми се верува дека сега ќе можам да бидам дел од франшизата заедно со оние кои ме гледаа како растам“, напиша таа покрај фотографијата.

Таа му се заблагодари на режисерот на филмот Fast X, Луис Летериер, за неговата „љубезност, трпение и поддршка“.

„Се чувствувам како да сте дел од семејството од кога започнавме, мило ми е што ова е само почеток“, додаде таа.

Таа, исто така, се заблагодари на, како што рече, најдобриот пријател на нејзиниот покоен татко, кој сега е нејзин најдобар пријател, продуцентот Брендон Биртел, додавајќи: „Ова не би било можно без тебе“.

Манекенката на крајот напиша дека е благодарна што имала можност да му оддаде почит на татко ѝ преку оваа улога.

Пол Вокер почина во 2013 година на 40-годишна возраст. Furious 7 беше последниот филм во кој глумеше, а сцените кои не можеше да ги заврши ги презедоа неговите браќа Кејлеб и Коди, чии лица беа заменети со CGI технологијата.

Fast X доаѓа во кината на 19 мај, а последниот дел ги враќа главните ѕвезди од франшизата Вин Дизел, Мишел Родригес, Тајрис Гибсон, Лудакрис и Сунг Канг. Во филмот се приклучуваат и нови лица, имено Џејсон Момоа, Бри Ларсон и Рита Морено, која ја игра бабата на ликот на Дизел. Дизел објави дека Fast X се враќа на корените на франшизата, кои ги вклучуваат улиците на Лос Анџелес и трките со автомобили.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе