Ќерката на Ума Турман: Немаше да постојам ако мајка ми не абортирала кога била млада

Актерката Маја Хоук зборуваше за забраната за абортус во Америка и откри како пристапот до легален абортус влијаел на нејзиното семејство, вклучувајќи ги и нејзините родители Ума Турман и Итан Хоук.

За време на гостувањето во емисијата The Tonight Show with Jimmy Fallon, Маја зборуваше за одлуката на Врховниот суд во Америка да го поништи уставното право на абортус.

„Денеска ѝ се јавив на мајка ми да побарам совет што да кажам во разговорот со тебе“, му рече Маја на Фелон и додаде:

„Почнавме да разговараме за пресудата на Врховниот суд и за есејот што мајка ми го напиша пред неколку месеци, кога тие се поставуваа дополнителни ограничувања за пристапот до абортус, што му претходеше на сето ова.“

URL

Минатата година, откако Тексас воведе шестнеделна забрана за абортус, Турман напиша есеј за The Washington Post, споделувајќи ја нејзината лична приказна за абортусот.

„Во доцните тинејџерски години, случајно забременив од многу постар маж. Живеев без ништо во Европа, далеку од моето семејство и подготвена да ја почнам кариерата. Се борев да сфатам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како?“, го започна таа есејот.

Турман сподели детали за своето искуство, велејќи дека по разговорот со родителите одлучила дека не може да ја продолжи бременоста.

„Абортусот што го имав како тинејџерка беше најтешката одлука во мојот живот, онаа што ми предизвикуваше вознемиреност тогаш и што ме растажува сега, но тоа беше патот до живот полн со радост и љубов што го доживеав. Одлуката да не ја продолжам таа бременост ми овозможи да пораснам и да станам мајка каква што сакав да бидам“, напиша таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

Ќерката на Ума, Маја, му рече на Фалон дека одлуката на мајка ѝ да абортира била причината поради која на крајот се родила таа.

„Да не абортираше тогаш, немаше да стане личноста каква што стана, а јас немаше да постојам. Животите на моите родители ќе беа исфрлени од колосек доколку таа немаше пристап до безбедна и законска здравствена нега. Толку многу луѓе не само што ќе можат да ги остварат своите соништа, туку и многумина ќе ги загубат животите и ќе бидат несигурни“, рече Маја.

„Само сакам да му кажам е*би се на Врховниот суд. Ќе продолжиме да се бориме против тоа и ќе победиме, како што тоа го правеа нашите баби“, додаде Маја.

„Апсолутно можеш да го кажеш тоа. Фала ти што го кажа. Фала ти што ја пренесе таа порака", ѝ рече водителот Фалон.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе