Ќерките на Анџелина Џоли ја засенија актерката на црвениот тепих
Анџелина Џоли го промовира својот нов филм „Eternals“ и се појавува на црвениот тепих со децата, а на премиерата во Рим, Шајло и Захара го украдоа целото внимание.
Актерката се појави на црвениот тепих држејќи се за раце со нејзините тинејџерки.
Петнаесетгодишната Шајло носеше црн мини фустан и патики со принт, покажувајќи дека пораснала во убава девојка и дека сите приказни за Шајло дека сака да биде момче и се вика Џон се или минлива фаза или невистини.
Захара (16), најстарата ќерка на Анџелина Џоли, уште еднаш покажа дека има префинет вкус за мода појавувајќи се во долг бел фустан.
Се чини дека чувството за стил може да се научи со добар пример.