СЕРИЈА А 2020/21

Кесие откри што рекол Ибра по поразот од Интер

Играчот на Милан проговори за тоа што кажал Швеѓанецот после дебаклот во миланското дерби.

Фудбалерите на Милан едвај чекаа судијата да отсвири крај во неделата на Дербито дела Мадонина. Губеа со убедливи 3:0 од лутиот градски ривал Интер со една игра која не покажуваше надеж дека нешто можат да променат.

Златан Ибрахимовиќ требаше да биде главното оружје на „Росонерите“, но остана без муниција, со едвај една полушанса. Во второто полувреме беше и заменет.

По натпреварот само на кратко им се обратил на соиграчите во една потиштена атмосфера во црвено-црната соблекувална на „Џузепе Меаца“.

Краткиот говор на Ибра на јавноста ѝ го откри играчот од средниот ред Франк Кесие, кој е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.

„Ни рече дека фудбалот е таков. Кога губите боли, но мора да ги исправиме главите и да бидеме силни бидејќи има уште многу натпревари до крајот“. Тоа е сѐ што кажал Ибра.

Милан е на 2. место во Серија А со 49 бода, 4 помалку од лидерот Интер и 4 повеќе од третопласираниот Јувентус.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе