Американскиот кошаркарски ас Кевин Дурент ќе стане малцински акционер во ПСЖ, што ќе го означи неговиот прв голем потфат во европскиот фудбал.
Веднаш по освојувањето на четвртиот олимписки златен медал во Париз, Дурент ќе се приклучи на тимот од НБА играчи кои инвестираат во врвни фудбалски клубови, како учеството на Леброн Џејмс во Ливерпул.
Иако точниот процент од неговата сопственост не е обелоденет, вмешаноста на Дурант се очекува да го зајакне профилот на ПСЖ во САД.
Ова не е само капитал, туку стратешко партнерство што може да го зајакне брендот на клубот, особено кога се подготвува за Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година што ќе се одржи во САД.
Да потсетиме, Дурент во НБА лигата пристигна во 2007 година и веќе долги години има статус на една од најголемите кошаркарски ѕвезди, а преку богати договори ја стекна вредноста на својот имот кој се проценува на цели 300 милиони долари.
Играше на сите изданија на Олимписките игри од Лондон 2012 година, а во клупската кариера освои два шампионски прстени во НБА со Голден Стејт Вориорс, и двата како МВП на финалињата.