Кевин Спејси ќе плати милионска отштета на серијата „House of Cards“

Познатиот американски актер Кевин Спејси ќе мора да плати отштета од 31 милион долари на компанијата која беше продуцент на серијата „House of Cards“, во која тој ја толкуваше главната улога, бидејќи доби отказ поради тужба за сексуално вознемирување.

Продуцентската куќа MRC, која стои зад хит серијата за политички интриги во Вашингтон, побара отштета за загубената заработка, што се припишува на заминувањето на актерот од серијата по обвинението против него за сексуално вознемирување и злоупотреба.

MRC соопшти дека по обвинението го суспендирала Спејси од серијата и покренала внатрешна истрага според која актерот е одговорен за припишаното дело.

Заминувањето на актерот ја принуди продуцентската куќа да ја реорганизира серијата, што резултираше со „значителни загуби“, додаваат од MRC.

Сценариото мораше да се ревидира за да се исклучи ликот кој го игра Спејси и да се реорганизира целата шеста сезона, намалена од 13 на осум епизоди.

MRC покрена судска постапка во 2019 година. Истата година, судот ја отфрли тужбата против американскиот актер за непристојно однесување и сексуална злоупотреба во американската држава Масачусетс.

Актерот освои два Оскара, за најдобар актер во филмот „Американска убавина“ во 1999 година и за најдобра споредна машка улога во филмот „Дежурни виновници“ од 1995 година.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе