Филм & ТВ

Кевин Спејси се враќа на филмското платно со улога во филмот „Billionaire Boys Club“

19. јуни 2018 - 9:13 | М.Д.

Актерот Кевин Спејси се враќа на големото филмско платно со улога во филмот „Billionaire boys club“. Ова е негова прва улога после бројните обвиненија за сексуално вознемирување и признанието дека е хомосексуалец.

Филмот „Billionaire boys club“ е снимен пред скандалот за сексуално вознемирување, меѓутоа во светските кино сали ќе започне да се прикажува од август оваа година.

„Се надеваме дека обвиненијата кои се однесуваат на однесувањето на еден од актерите, а кои не беа јавно познати кога филмот беше снимен, нема да му попречат на оваа издание. Одлуката околу пуштање на овој филм не беше ниту малку лесна“, соопштија дистрибутерите.

Овој филм ни донесува вистинска приказна за група на млади лица која во текот на осумдесеттите години од минатиот век организирала клуб, кој има за цел да заработува на измами.

Спејси се појавува во улогата на Рон Левин, измамник на хомосексуалци кој е убиен откако измамил една група на луѓе. Меѓутоа неговото тело никогаш не е пронајдено, па многумина сметаат дека тој би можел и понатаму да биде жив.

Режијата на овој филм ја потпишува Џејмс Кокс, а покрај Кевин Спејси во филмот се појавуваат уште и Ансел Елгорт, Тарон Ефертон, Ема Робертс и други актери.

Коментирај