КФМ бара да не ја внесуваат во валкани игри во врска со салата „Кале“

Откако пред неколку дена антикорупциската комисија покрена истрага во врска со закупот на салата „Кале“, а против советникот за спорт во Владата Даниел Димевски кој всушност е поранешен претседател на КФМ, Кошаркарската федерација преку соопштение на својата официјална веб-страница излезе со соопштение во кое ја информира јавноста околу стопанисувањето со Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

„Пред сè, да изразиме сериозна загриженост поради пренесените информации поврзани со стопанисувањето на спортскиот објект при Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје. Во оваа прилика сакаме да испратиме демант до сите загрижени за функционирањето на Кошаркарската федерација, особено оној дел поврзан со инфраструктурата. Точно е дека федерацијата, со посебна одлука на Владата на РСМ, го доби во свое владение објектот означен како спортска сала при СРЦ „Кале“, односно големата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје (СРЦ Кале 1)“.

КФМ објави и доколумент од Службен весник со кој Владата го дава објектот на трајно користење на Федерацијата.

„Веруваме дека сето ова ви е доволен доказ за чесното функционирање на Кошаркарската федерација која во овој случај, со кој немаме никакви допирни точки, е крајно злоупотребена со изнесените дезинформации во јавноста. Апелираме до одредени структури, кои го користат моментот да се јават со разно-разни конструкции, да не нè внесуваат нас во своите криминални игри. Во една ваква, вонредна ситуација, во која пред сè, треба да се грижиме за некои други, многу поважни работи, над сè здравјето на луѓето, вклучително и кошаркарските клубови, спортските работници, играчите, во најмала рака е несериозно да се изнесуваат невистини поврзани со работата на федерацијата“, стои во соопштението на КФМ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе