Еден од најголемите ММА борачи на сите времиња, Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов ја состави својата листа на најдобри борачи на сите времиња и ја објави на Twitter.

Првото место го делат двајца големи борци - Федор Емелијаненко и Џон Џонс, кои никогаш не се бореле меѓу себе.
На второ место е Жорж Сент Пјер, додека на трето место е Андерсон Силва.
Четиринаесеттото место го делат хрватскиот борец Мирко Кро Коп Филиповиќ и Американецот со хрватски корени Стипе Миочиќ, кој следното лето треба да се бори со Џон Џонс.
Веројатно тоа ќе биде неговата последна борба во кариерата.
Погледнете го рангирањето на Хабиб.