Хаџибегиќ: Да го реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија

Макфакс/Кајгана
/ 09.02.2025 / 17:43

Фарук Хаџибегиќ е легенда на Сарајево и југословенската репрезентација. Поранешното либеро беше дел од репрезентацијата на Југославија на Светското првенство во Италија во 1990 година, кое беше последното големо натпреварување за таа репрезентација пред распадот на земјата.

Југославија пристигна во Италија предводена од Ивица Осим, а клучни играчи на тимот беа Драган Стојковиќ-Пикси, Златко Вујовиќ, Сафет Сушиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савиќевиќ, Зоран Вулиќ, додека имиња како Дарко Панчев, Давор Шукер, Ален Бокшиќ, Роберт Јарни шансата ја чекаа од клупата за резерви.

Југославија против Аргентина играше во четвртфиналето, по 120 минути игра резултатот беше 0:0, иако Југославија најголемиот дел од натпреварот го одигра со десет играчи поради црвениот картон на Рефик Шабанаџовиќ.

Томислав Ивковиќ го одбрани пеналот на Диего Марадона, но Хаџибегиќ го промаши клучниот пенал и Аргентина се пласираше во полуфиналето, а подоцна загуби од Западна Германија во финалето.

Хаџибегиќ се присети на тој натпревар за време на гостувањето во подкастот „Балкан Рулс“.

„Да немаше војна, ќе бевме шампиони на следното Светско првенство во САД во 1994 година. Би го кажал ова пред Бога и пред народот. Да постигнев гол, убеден сум дека ќе стигневме до полуфиналето, не звучи претенциозно, но мислам дека подоцна немаше да има војна“, рече Хаџибегиќ и дополни:

Remote video URL

„Кога ќе погледнеме што се случува во светот денес, очигледно е дека ништо не е научено од историјата, дека не се научени лекции од поранешна Југославија. Ова е доказ дека политичарите сакаат војна, а не народот“.

Хаџибегиќ е роден во Сараево пред 67 години. Кариерата ја почна во локалниот Сарајево, а играше уште и за Бетис, Сошо и Тулуз. За Југославија настапи на 61 натпревар и постигна 6 голови.

реклама

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе