Хаг издаде налози за апсење на Нетанјаху, Галант и претставници на Хамас

Макфакс
/ 21.11.2024 / 15:32

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и претставници на Хамас, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото поради војната во Газа и нападот на 7 октомври 2023 година во Израел, што доведе до конфликт, пренесува AP.

Оваа одлука, според медиумот, ги става Нетанјаху и другите осомничени на меѓународната листа и веројатно дополнително ќе ги изолира и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за ставање крај на 13-месечниот конфликт.

Нетанјаху и другите израелски лидери го осудија издавањето за налог на главниот обвинител на МКС Карим Кан како срамно и антисемитско.

Американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, го осуди обвинителот и изрази поддршка за правото на Израел да се брани од Хамас. Хамас исто така силно го критикуваше барањето.

„Сметаме дека постојат разумни основи да веруваме дека и двете лица намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од средствата неопходни за нивниот опстанок, вклучувајќи храна, вода, лекови и медицински материјали, како и гориво и електрична енергија“, напиша трочлениот Судиски совет во едногласната одлука за издавање налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Галант.

Израелското Министерство за надворешни работи во септември објави дека поднело два правни поднесоци со кои ја оспорува јурисдикцијата на МКС тврдејќи дека судот не му дал шанса на Израел сам да ги истражи наводите пред да побара потерници.

„Ниту една друга демократија со независен и почитуван правен систем како оној што постои во Израел, не била третирана на ваков штетен начин од обвинителите“, напиша на Х портпаролот на Министерството за надворешни работи, Орен Марморштајн.

Тој рече дека Израел останува стабилен во својата посветеност на владеењето на правото и правдата и дека ќе продолжи да ги штити своите граѓани од екстремистите.

МКС е судот во последна инстанца кој ги гони само случаите кога домашните органи за спроведување на законот не можат или нема да истражат. Израел не е земја-членка на судот. Групите за човекови права оценуваат дека земјата во минатото имала проблем во истрагата за нејзините постапки.

И покрај налозите за апсење, ниту еден од осомничените најверојатно нема наскоро да се соочи со судиите во Хаг. Самиот суд нема полициски сили за извршување на наредбите, туку се потпира на соработката на своите земји-членки, пишува претходно споменатиот медиум.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Хаос во Хаг по пресудата за Тачи: Поддржувачи на УЧК ја нападнаа полицијата

Read more

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Свет

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Read more

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Read more

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Read more

Русија гради суперзатвори за над 20.000 луѓе

Read more

Вести

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Читај повеќе

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Читај повеќе
  • filter

Како Хашим Тачи од миленик на Западот и Косовскиот Вашингтон стана осуден воен злосторник?

Читај повеќе

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Читај повеќе

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Читај повеќе

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Читај повеќе

Ахмети: Пресудата за Тачи и поранешните водачи на УЧК е неправедна и длабоко разочарувачка

Читај повеќе

Се запали автобус на ЈСП додека бил на постојка во Центар

Читај повеќе