Хакери на ЦИА развивале хакерски алатки, но ја запоставиле безбедноста на своите системи

Поради култура на „прилично олабавени“ безбедносни мерки во единицата за топ хакирање на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), во 2016 година се случи протекување на информации, по што светот дозна дека агенцијата навлегла во темната зона со користење хакерски алатки за шпионирање на луѓето.

 Топ хакерите на агенцијата биле повеќе заинтересирани да најдат начин да ги хакираат секојдневните уреди за комуникација, отколку тие самите да се заштитат од  хакирање, се дознава од извештај на внатрешна ревизија на ЦИА до кој дојде весникот Вашингтон пост.

Извештајот е објавен во 2017 година за брифирање на тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, сегашен државен секретар, една година по објавувањето на протечените информации од страна на Викиликс.

Како што се дознава објавата на Викиликс, именувана како „Сеф 7“, ЦИА развивала алатки за следење помош на хакирање на секојдневни уреди како мобилни телефни, телевизори или автомобили, но и рутери или персонални компјутери.

По протекувањето на информациите, официјално лице тогаш истакна дека тоа било едно од најголемите неавторизирани пробиви на строго доверлива инфомација во историјата на ЦИА. Поради тоа агенцијата запрела неколку разузнавачки операции бидејќи непријателските разузнавачки служби дознале за техниките на американската шпионска служба.

Без објавата на Викиликс, во ЦИА никогаш не би дознале дека развиенити хакерски алатки се украдени.

– Ако податoците биле украдени од непријателска држава и не биле објавени, ние се уште не би биле свесни за загубата, се вели во извештајот.

Вашингтон пост го доби извештајот од кабинетот на демократскиот сенатор Рон Вајден, член на Комисијата за разузнавање, кој застапува посилни служби за кибер безбедност и разузнавање.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе